Оливие Жиру по промашениот пенал за Милан во 22. минута од вториот меч од четврт-финалето на ЛШ на гости кај Наполи, успеа да се поправи и во 43. минута да стрела за 0:1 водство (и вкупно 0:2 предност во двомечот).
За шансата тој мора да му се заблагодари на фантастичниот Рафаел Леао, кој успеа да помине половина од одбраната на домаќините во фантастична акција.
Челси пак, на полувреме на „Стемфорд Бриџ“ има само 0:0 против Реал Мадрид, пропуштајќи неколку убави шанси, од кои најдобрата беше на Марк Кукурелја во финишот на полувремето.
GIROUD REDEMPTION 1-0 pic.twitter.com/X5iBvwXcAp
— EuroTalk (@EuroTalk13) April 18, 2023