Top Sport

Родриго стрелаше на „Стемфорд Бриџ“, па прослави како Роналдо

Реал Мадрид се на чекор до ново полуфинале од Лигата на шампионите (против подобриот од мечот Баерн Минхен-Манчестер сити), откако Родриго во 58. минута од реваншот против Челси на „Стемфорд Бриџ“ постигна гол за 0:1 водство и вкупно 0:3 предност во двомечот.

Интересно, Родриго по голот прослави со славното „Сиу“ на Кристијано Роналдо, кој во исто време додека во Европа се играат четврт-финалињата на ЛШ, го игра дербито во Саудиска Арабија помеѓу Ал-Наср и Ал-Хилал.

Scroll to Top