Top Sport

Силва: Доста со притисок над Нејмар и Мбапе

Капитенот на Пари Сен-Жермен, Тијаго Силва застана во одбрана на своите тимски колеги Килијан Мбапе и Нејмар, објаснувајќи дека не е потребен „дополнителен притисок“ на двете нови засилувања на тимот од Париз.

33-годишниот Бразилец ги предводеше ПСЖ до убедливата 5:0 победа над Андерлехт на „Паркот на принцовите“ по што побара медиумите да го „олабават“ притисокот кон двајцата.

„Мислам дека има непотребен притисок над Килијан. Исто така и на Нејмар, кој има само 25 години. Двајцата страдаат од тоа. Исто така, да не заборавиме дека Килијан има само 18 години. Фудбалот е таков. Не можете секогаш да бидете најдобри колу и да се трудите“, вели Силва.

Слично размислува и тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, кој изненадувачки ги остави Нејмар и Мбапе во стартниот состав против Андерлехт.

„Добро е кога има сомнежи со кои стартни 11 ќе излеземе на теренот. Сомнежот е добар бидејќи тоа значи дека имам добар избор меѓу играчите“, додаде Емери.

Scroll to Top