Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике вели дека Пол Погба би бил „добредојден“ на „Ноу Камп“ ако Французинот реши да замине од Манчестер јунајтед, како што Шпанецот направи претходно.
Ова доаѓа по големиот број на шпекулации дека Погба е во конфликт со Жозе Мурињо, а челните луѓе на Барселона неколку пати посочија дека би биле заинтересирани за него.
„Сите би биле среќни да го имаме Погба со нас. Не знам многу за тоа што се случува во Манчестер и какви се односите меѓу него и тренерот. Но, Погба е многу добар фудбалер, тоа е сигурно. Сепак, тој засега е фудбалер на Манчестер јунајтед, така што ќе видиме што ќе се случи во иднина“, вели Пике.
Барселона купи четири фудбалери ова лето, но преодниот рок во Шпанија трае до 31 август, додека е завршен во Англија, иако англиските клубови смеат да продаваат, а не смеат да купуваат.