Хери Кејн, најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и на англиската репрезентација, имал „искрен разговор“ со претседателот на клубот Даниел Леви околу своите планови за иднината, тврди преодниот менаџер на Спарси, Рајан Мејсон.
Кејн има договор со Тотенхем до летото 2024 година, и постојат голем број на шпекулации во англиските медиуми дека ќе се реши да замине од лондонскиот клуб ова лето, со Манчестер јунајтед и Баерн Минхен како најверојатни опции. Се верува дека тој прво чека да види дали Тотенхем ќе успеат да стигнат до топ 4 пласман и место во ЛШ, но Мејсон, кој повторно е привремен менаџеер по отказите за Антонио Конте и Кристијан Стелини вели дека во клубот се работи отворено.
„Мислам дека е важно за претсседателот да дознае какво е мислењето на неговите фудбалери. Мислам дека се работеше за искреен разговор и сега мораме да се обидеме да ја завршиме сезоната со нешто добро“, вели Мејсон.