Фудбалерите на Партизан го совладаа Скендербег 2:0, Риека доживеа дебакл на домашен терен од Австрија Виена 1:4, Евертон ја продолжи црната серија и запиша уште еден пораз овојпат во Лион 3:0, додека Милан не успеа да победи во Атина кај АЕК, ова е накусо епилогот од натпреварите од четвртото коло во А-Ф половината во Лига Европа.
Група А:
Славија Прага-Виљареал 0:2
Макаби-Астана 0:1
Виљареал запиша важна победа во Прага и сега се наоѓа на чекор до пласман во наредната фаза. Шпанскиот клуб ја предводи ова група со осум бодови, а Астана со триумфот во Тел Авив стигна до седмиот бод.
Група Б:
Партизан-Скендербег 2:0
Јанг Бојс-Динамо Киев 0:1
Партизан во Белград го совлада албанскиот шампион со головите на Тошиќ во првото и Тавамба во второто полувреме, а Динамо во Берн славеше над Јанг Бојс со голот на Буласки.
Динамо е лидер во групата со 10 бода, Партизан има пет, Јанг Бојс три и веројатно дуелот помеѓу српскиот и швајцарскиот тим ќе решава за второто место во групата.
Група Ц:
Лудогорец-Брага 1:1
Басакшехир-Хофенхајм 1:1
Нерешените резултати на двете средби во оваа група дополнително ја закомпликуваа ситуацијата околу пласманот во нокаут фазата во пресрет на последните две кола.
Лудогорец е лидер со осум, Брага има седум, а Хофенхајм четири бода. Овие три тима ќе решаваат за првите две места.
Група Д:жАЕК-Милан 0:0
Риека-Австрија Виена 1:4
Риека доживеа дебакл на домашен терен од Австрија и со оглед на формата ги загуби шансите за пласман понатаму, додека Австријците се вратија во трката за втората позиција на табелата.
Милан ја предводи групата со осум бода, АЕК има шест, Австрија четири, а Ријека три бода.
Група Е:
Аполон-Аталанта 1:1
Лион-Евертон 3:0
Евертон ја продолжи агонијата и на европската сцена. Клубот од Ливерпул нема победа на последните седум натпревари. Со поразот во Лион, Евертон ги загуби сите шанси за пласман во нокаут фазата.
Од оваа група во нокаут фазата веќе минаа Лион и Аталанта.
Група Ф:
Копенхаген-Злин 3:0
Локомотива Москва-Шериф 1:2
Копенхаген рутински го победи Злин, двоен стрелец беше Словенецот Вербич, а Шериф изненади во Москва прптов фаворизираната Локомотива.
Копенхаген и Шериф имаат по шест бода, Локомотива е на пет, а Злин последен со два бода.