Ракел Бенети е Бразилка, која со своите потези со фудбалската топка, ги воодушевува фановите на социјалните мрежи. Нејзиниот профил на „Инстаграм“ го забележаа фановите кога таа објави видео на кое, облечена во здолниште и високи потпетици, жонглира со фудбалска топка.
Фудбалот е првата љубов на Ракел, а докажа дека поседува талент и знае како со топката. Неверојатно звучи податокот дека четири сати жонглирала со топката, што е нејзин личен рекорд.
„Секогаш имав желба да бодам подобра од момчињата. Ми говореа дека не знам да играм фудбал, само сакав да им докажам дека не се во право. Сега сум подбра од сие нив и сакам да го соборам светскиот рекорд во жонглирање. Секако дека е тешко со вакво здолниште и високи потпетици, но тоа веќе ми стана рутина“, рекла Ракел.