Top Sport

Рајковиќ и кошаркарите на ЦСКА во посета на претепаниот Швед

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ, заедно со играчите на ЦСКА Москва денеска го посетија во болницата во Москва, Алексеј Швед, рускиот кошаркар кој пред неколку дена беше мета на брутален напад во центарот на руската престолнина.

По елиминацијата во плејофот на ВТБ лигата, рускиот репрезентативец Швед бил на вечера со неговата сопруга, кога на улица го пречекале пет луѓе кои го нападнаа брутално и му нанесоа повреди на главата.

„Му посакуваме многу сила, трпение и оптимизам во овој непријатен период. Брзо оздравување“, напишаа од рускиот клуб.

Scroll to Top