Тренерот на Торино, Хрватот Иван Јуриќ се извини на Сампдорија и на нивните навивачи, откако неговиот напаѓач, Пјетро Пелегри ги провоцираше откако постигна гол во 94. минута од мечот.
22-годишниот Пелегри, кој произлезе од школата на градскиот ривал на Самп, Џенова, ја запечати победата на Торино со голот, по што се сврте кон навивачит на Сампдорија во очигледна провокација, за што доби жолт картон.
„Морам да се извинам од сите нас до Сампдорија и нивните навивачи. Мора да покажете респект за противникот. Тие поминуваат низ тежок период и вакви потези не се потребни. Не сакам да зборувам со Пелегри сега“, изјави Јуриќ.
Самиот Пелегри се извини.
„Сите ја знаат приказната, пораснав како навивач на Џенова. Но, направив грешка и морам да се извинам“, изјави Пелегри.
Со поразот, Самп остануваат на дното на Серија А со пет меча до крајот на сезоната и со малку шанси за опстанок. Нивниот тренер, Србинот Дејан Станковиќ, кој наводно понуди оставка по 5:0 поразот до Фиорентина во теот на викендот, го прифати извинувањето.
„Како личност, морам да ги надминам овие работи. Сите видоа што се случи. Го прифаќам извинувањето, бидејќи сите прават грешки. Но, не е време за такви работи, нека не остават во нашат несреќа. Да ставиме точка и да одиме понатаму“, изјави Станковиќ.
Sampdoria 0-2 Torino – Pietro Pellegri 90'+5' Goal #SAM #Torino
94’ – GOOOOOL, Pelle! 💪 #SampdoriaTorino [0-2] #SFT😩 | RETE 94' – I granata trovano il raddoppio allo scadere con #Pellegri. #SampTorino 📷-📷#SerieATIM pic.twitter.com/RRNfX8qL3x
— Sohaib Just That (@SohaibThatJust) May 3, 2023