Најдобриот македонски одбојкарски стратег Јошко Миленкоски по 15 години се врати на кормилото на нашиот национален тим. По меѓународните клупски ангажмани, тој се нафати на предизвикот да ја предводи репрезентацијата на Македонија на претстојното Европско првенство, на кое нашата држава ќе биде ко-организатор.
„Долго време имавме разговори со ова раководство на ОФМ за да се вратам на селекторската позиција. Имав многу ангажмани во странство, но сега веројатно дојде вистинското време. Почнуваме со работа, веќе од утре со 20 играчи ќе заминеме во Маврово и ќе работиме седум дена. Настапот на Златната лига ќе ни биде генерална подготовка за главниот настан, Европското првенство во Скопје во август и септември“, изјави Јошко Миленкоски.