Кристијано Роналдо Јуниор, деветгодишниот син на ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, стана дел од У-9 детскиот тим на Јувентус, исто како тато.
Според „Калчомеркато“, деветгодишниот Кристијано Јуниор е дел од истиот тим како синот на Андреа Барѕаљи, Матија и синот на Клаудио Маркизио, кој сепак ќе замине со неговиот татко.
Кристијано Јуниор беше забележан на тренинг на У-9 тимот во Виново, заедно со Матија Барѕаљи. За фудбалскиот талент на синот на Роналдо сме пишувале често.