Top Sport

И за Челси е премногу – сакаат да го задржат Феликс, но само на позајмица

Во Челси се задоволни од покажаното од Жоао Феликс, но не се подготвени да ги платат 100-те милиони евра кои ги бара Атлетико Мадрид за постојан трансфер и би се согласиле само на уште едногодишна позајмица, тврди „Мундо депортиво“.

Португалецот пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во јануари по конфликтот со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне и има два гола во 12 настапи во лошата полусезона за „сините“. Тој останува под договор со Атлетико до 2026 година, но неговиот агент, Жорге Мендеш веќе бара постојан клуб за него, со Пари Сен-Жермен како опција ако Лео Меси си замине од Париз.

23-годишниот Феликс беше постојан под Греем Потер, но под преодниот менаџер Френк Лампард вообичаено стартува од клупата. Тој влезе во игра против Брајтон и Брентфорд, а воопшто не беше во составот во дербито против Арсенал.

Scroll to Top