Марсеј официјално потврди дека потпишале договор со играчот од средниот ред на Рома, Кевин Стротман за 25 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси, по што го претставија со интересно видео од популарната видео-игра „Фортнајт“.
„Холандија, Италија, а сега и Франција за нов предзивик со ОМ. Кевин Стротман има 4 клуба во 12 сезони како професионалец, и сега е олимпиец“, објавија од Марсеј.
28-годишниот Стротман се најде во борба за место во тимот на Рома, откако „гјалоросите“ потпишаа договори со Стивен Н’Зонзи, Брајан Кристанте, Хавиер Пасторе и Николо Цаниоло.