И покрај тоа што се веруваше дека се блиску до договор со Јулијан Нагелсман, Тотенхем сега размислуваат за опцијата да го откупат договорот на Чаби Алонсо со Баер Леверкузен и да го донесат Шпанецот како нов менаџер за следната сезона, тврди „Мирор“.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Реал Мадрид има успешна сезона во Леверкузен, со пласман во полуфиналето на Лига Европа и борба за топ 4 пласман во Бундеслигата. Но, Баер ќе бара отштета за да го ослободи од договорот во висина од едногодишна плата на 41-годишниот тренер.
По пензионирањето во 2017 година по три сезони со Баерн Минхен, Алонсо почна со тренерската работа во резервниот тим на Реал Сосиедад, неговиот прв професионален клуб. Тој го презеде Леверкузен во октомври, кога тимот беше во зоната за испаѓање со само една победа во првите осум меча. Тие во моментов се на шестото место во Бундеслигата на три кола пред крајот.
Tottenham chief Daniel Levy is 'prepared to pay Xabi Alonso's release clause at Bayer Leverkusen https://t.co/mckSExmIsf pic.twitter.com/VpiOXCpaQv
— MailOnline Sport (@MailSport) May 7, 2023