И покрај тоа што поголемиот дел од 2023 година беше поврзуван со заминување од Барселона, откако не добива вистинска шанса кај тренерот Чави Ернанде, Ансу Фати ќе остане на „Ноу Камп“ и следната сезона, тврди „Мундо депортиво“.
20-годишниот талент од академијата на каталонскиот клуб, во последно време беше поврзуван со трансфер во Вулверхемптон во „трампа“ со Рубен Невеш, но се решил да се обиде да се бори за своето место во првиот тим.
Барселона ќе мора да продаде дел од своите ѕвезди ова лето во обид да ги „средат“ финансиите на клубот и да си приуштат некое од летните засилувања.