Поранешниот спортски директор на Волфсбург, Јерг Шмадке е изненадувачки прв кандидат за улогата на спортски директор во Ливерпул, тврди порталот „Гол“, поради неговите одлични односи со менаџерот Јирген Клоп, тврди „Телеграф“.
Ливерпул бара замена за Џулијен Ворд, кој си заминува на крајот на сезоната, и 59-годишниот Шмадке е прв фаворит поради неговото искуство во германскиот фудбал, каде што покрај во Волфсбург работеше и во Ахен, Келн и Хановер. Германецот е поранешен голман на Фрајбург и Фортуна Диселдорф од 1980-тите и 1990-тите и е добар пријател со Клоп.
Ворд си заминува само 12 месеци откако го презеде местото од Мајкл Едвардс и во Ливерпул сакаат брзо решение бидејќи во летниот преоден рок планираат „ремонт“ на тимот, со потенцијално пристигнувае на Алексис Мекалистер (Брајтон), Мејсон Маунт (Челси) и Рајан Гравенберх (Баерн).