Top Sport

Симеоне: За нас тренерите фудбалскиот тревник е како дрога

Диего Симеоне ја помина неделата во Неапол, каде на стадионот што го носи името на Диего Марадона гледаше како неговиот син Џовани добива признание за освојувањето на титулата шампион на Италија со Наполи. Доаѓањето на славниот тренер на Атлетико во градот новинарите го искористија за разговор.

Во него Симеоне откри дека еден ден би сакал да се врати во Италија, каде помина неколку години играјќи за Пиза, Интер и Лацио. Тој исто така тврди дека му се јавуваат навивачи на Интер и Лацио со желби да дојде во Милано или Рим.

„Имам 53 години и не знам до кога ќе бидам тренер. Можеби уште пет години? Тоа е стресно. Од друга страна, доволни ми се неколку дена одмор за да сакам да се вратам. За нас тренерите тревата е како дрога. Навивачите на Интер и Лацио ми се јавуваат. Кој знае? Би сакал. Имам уште една година од договорот, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Симеоне, чиј Атлетико моментално е втор тим во Шпанија.

Scroll to Top