Top Sport

Димарко: Во 2003 бев на „Сан Сиро“ како навивач, сега ќе можам да го победам Милан

Фудбалерот на Интер, Федерико Димарко открива дека бил на трибините на „Сан Сиро“ на последниот меч на Интер и Милан во Лигата на шампиони пред речиси 20 години и сега ужива во шансата да игра во европското дерби во среда и да го победи лутиот ривал.

Бекот покрај тоа што е еден од стандардните првотимци под Симоне Инзаги, е и голем навивач на „нераѕурите“ и знае колку вреди оваа пресметка за секој навивач.

Во 2003 година, Милан и Интер се сретнаа исто така во полуфиналето – во првиот меч, со Милан како домаќин беше 0:0, за во реваншот со Интер како домаќин да биде 1:1, и „росонерите“ да одат понатаму поради правилото гол во гости. Во финалето, Милан се судри со уште еден италијански клуб, Јувентус на „Олд Трафорд“ во Манчестер и по 0:0 по 120 минути ја освоија својата шеста европска титула со 3:2 победа на пенали.

„Бев на ‘Сан Сиро’ тогаш. Немам прекрасни сеќавања како навивач на Интер, но да се помисли дека тоа беше пред 20 години и сега имам шанса да играм против нив е прекрасно чувство. Секогаш е посебно да се игра дерби и сум давал 100 отсто. Милан поминаа два тешки противници и треба да се докажеме дека сме подобри за нив. Сакаме победа“, објаснува Димарко.

Scroll to Top