Никола Јокиќ со уште една брилијантна партија ги водеше Денвер Нагетс до водство во серијата против Феникс Санс со 118:102. Јокиќ забележа трипл-дабл (29 поени, 13 скока, 12 асистенции) и го собори 50 години стариот рекорд на Вилт Чембрлен.
Покрај она што го демонстрираше на теренот, Јокиќ ги воодушеви Американците и со гестот што го направи на загревањето пред почетокот на мечот.
Центарот на Денвер најде начин да се ракува со газдата на Феникс, Мет Ишбија. Во четвртиот меч од плејоф серијата со Феникс Санс, Јокиќ влезе во клинч Ишбија, кога арогантниот милијардер не сакаше да ја врати топката која излезе во аут.
Јокиќ ја поведе топката, се упати кон Ишбија, а потоа му ја додаде и му пружи рака, имаше кус разговори и потоа се упати во соблекувалната.
All love between Jokic and Suns governor Mat Ishbia pre-game 🤝 pic.twitter.com/lSCseJkZy1
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 10, 2023