Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се надева дека Лионел Меси ќе се врати во Барселона за да го добие збогувањето кое го заслужува, и покрај шпекулациите дека тој веќе решил да ја продолжи, а можеби и заврши кариерата во Саудиска Арабија.
Меси го предводеше најдоминантниот тим на Барса под Гвардиола, освојувајќи три титули од Ла лига, два од Копа дел реј и два трофеи од Лигата на шампионите, пред да замине од Каталонија во 2021, откако клубот не можеше финансиски да му понуди нов договор.
„Уште сум член на Барселона и ги имам двете места на стадионот, така што се надевам дека еден ден ќе го видиме и ќе се збогуваме на начин каков што тој заслужува. Тој е најголемиот фудбалер на сите врмиња. Тоа што го оствари Барселона во тие десет или дванаесет години немаше да биде возможно беез него. Не зборувам за броеви, туку за влијанието во играта, естетиката, убавината, ефективноста. Никој не можеше да замисли дека ќе заврши таа. Знам дека претседателот Жоан Лапорта го сака истото. Знам за сите илјадници причини, од економските до поинаквите, но се надевам дека еден ден ќе седнам на моето место, ќе можам да го аплаудирам и да се збогувам со Лео“, вели Гвардиола за „ЕСПН“.