По подолго време, Милано повторно ќе биде центар на европскиот фудбал, кога вечерва ќе се судрат двата лути градски ривали, Милан и Интер, со „росонерите“ како домаќини во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампиони.
Пред една деценија, Андриј Шевченко беше херој со „голот во гости“ кој ги однесе Милан во финалето, каде што победија уште еден италијански тим, Јувентус на пенали за титулата. Овааа пресметка во 2003 можеби најдобро го илустрира „падот“ на италијанскиот клупски фудбал, бидејќи ако се прочитаат составите на двата тима, ќе се види каде беа пред една деценија во однос на европската конкуренција.
За Милан тогаш играа – Паоло Малдини, Џенаро Гатузо, Андреа Пирло, Шевченко, Кларенс Сидорф, Филипо Инзаги, Алесандро Неста, Алесандро Костакурта и Ривалдо, додека Интер можеа да се пофалат со Хавиер Занети, Ернан Креспо, Иван Кордоба Марако Матераци, Фабио Канаваро и Сержо Консеисао.
„Тоа беа шест дена тотална тензија“, откри подоцна Малдини. Во првиот меч, немаше голови, за во во реваншот, Шевченко да постигне гол во финишот на првото полувреме. Интер тргна во целосна офанзива, и успеа да ирамни преку младиот Обафеми Мартинс на осум минути пред крајот. Но, тие не успеаја да направат подвиг и Милан се пласираше во финалето поради правилото гол-на-гости.
Но, потоа дојде и контроверзното четврт-финале во 2005 година во „Дерби дела мадонина“. Тогаш во првиот меч, Милан стигна до 2:0 победа со головите на Јап Стам (еден од двата кои ги постигна а Милан) и неизбежниот Шевченко.
Реваншот, со Интер како домаќини почна бурно, кога Шевченко го удри со глава Матераци по само две минути игра, но судијата Маркус Мерк не го виде тоа и не го санкционираше. Шева повторно ги донесе Милан во водство по половина час игра, а бидејќи Интер тогаш го немаше победено Милан три години, нервозата на трибините еруптираше во послдните 20 минути.
Ултрасите почнаа да фрлаат факли на стадионот, од кои една го погоди голманот Дида во рамото. Мерк ги прати играчите во соблекувална, а тогаш се појави и една од најлегендарните фотографии во „Дерби дела мадонина“ – Марко Матераци и Руи Коста како го гледаат хаосот.
„Тоа што се случи не е срам само за Интер, туку за целиот град. Никогаш не сум видел вакво нешто во сите дербија на Милан во кои сум учествувал“, изјави тогаш тренерот на Милан, Карло Анчелоти.
Интер го загубија мечот со 3:0 службено и беа казнети со четири меча без публика. Милан отиде во финалето, каде што славно пропушти водство од три гола пред да загуби од Ливерпул на пенали во Истанбул, каде што се игра и овогодишното финале.