Top Sport

Лев: Во германската репрезентација никогаш немало расизам

Германскиот селектор Јоаким Лев по долга пауза реши да одговори на обвинувањата на Месут Озил дека во репрезентацијата имало расизам.

Озил се повлече од националниот дрес со „жешко“ соопштение во кое ги обвини луѓето од репрезентацијата и од Германската фудбалска федерација (ДФБ) дека постојано има расизам со зборовите: „Јас сум Германец кога ќе победуваме, но имигрант кога ќе губиме“. Лев, вели дека ова не е точно.

„Месут Озил не ме побарал до денеска. Јасно е дека неговите обвинувања за расизам се претерани“, вели Лев.

Селекторот исто така вели дека немал проблем со контроверзната фотографија на Озил и неговиот колега Илкај Гундоган со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Мислам дека ја потценивме ситуацијата со фотографијата, јас исто така. Мислев дека требаше да се фокусираме на Светското првенство, а оваа тема не оптовари. Беше јасно дека јас го избрав Месут поради спортски причини. Досега не кажав ништо за овој инцидент бидејќи Месут не ми се јави. Во минатото секогаш имавме добри разговори, но тој сега го избра тој пат и мораме да го прифатиме тоа. Расизам немаше. Месут и Илкај секогаш се идентификуваа со вредностите на националниот тим“, додаде Лев.

Scroll to Top