Ромелу Лукаку ќе разговара со новиот менаџер на Челси пред да одлучи каде да ја продолжи кариерата, тврди „ЕСПН“, откако Интер потврдија дека не планираат постојан трансфер по крајот на позајмицата.
Интер платија 8 милиони евра за позајмицата оваа сезона, и во нивниот договор нема ниту опција, ниту обврска за постојан трансфер. Белгискиот напаѓач неколку пати изјави дека би сакал да остане во Италија, но според „ЕСПН“ прво ќе разговара со новиот менаџер на Челси, најверојатно Маурисио Почетино.
Челси платија 115 милиони евра за Лукаку на Интер за трансфер пред две сезони и тој има договор до 2026 година.