И покрај тоа што се сметаше дека поранешниот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман е пред договор со Тотенхем за да го замени Антонио Конте, „Дејли мирор“ тврди дека претседателот Даниел Леви се откажал од ваквата можност и дека сега главни фаворити се Луис Енрике, Чаби Алонсо и Роберто де Ѕерби.
35-годишниот Нагелсман остана без работа откако неочекувано доби отказ од Баерн Минхен во март и беше заменет со Томас Тухел. Во исто време, Тотенхем се во потрага за постојан менаџер по заминувањето на Конте и отказот кој го доби преодниот менаџер Кристијан Стелини – сега работат повторно со Рајан Мејсон.