Менаџерот на Манчестер сити ги предупреди своите играчи да стават приоритет на трката за титулата во Премиерлигата пред Лигата на шампиони во клучните неколку дена за „граѓаните“.
Сити ги очекуваа голем реванш со Реал Мадрид во среда по 1:1 ремито на „Сантијаго Бернабеу“, но за Гвардиола поважно е денешното гостување кај Евертон, каде што со победа би ја одржале предноста пред Арсенал на табелата.
„Моите играчи се скромни и ги почитуваат своите противници, и знаат многу добро колку е тешко да се игра со Евертон. Не знам што ќе се случи, но на ‘Гудисон парк’ мораме да останеме фокусирани бидејќи титулата од Премиерлигата е многу важна. Знам дека и Лигата на шампиони е тука, но Премиерлигата е толку многу месеци, тешки мечеви и затоа во моментов тоа е поважно“, вели Гвардиола.