Торино стигна до гостинска 1:0 победа над Верона, праќајќи го домашниот тим во лута борба за опстанок во Серија А во последните три кола во шампионатот.
Човек на одлука беше хрватскиот напаѓач Никола Влашиќ, кој во 29. минута го постигна можеби најубавиот гол во неговата кариера со прецизен удар од далечина.
Верона останува над зоната за испаѓање на 17. место со 30 поени, но сега се израмнети со Специја, која вчера го шокираше Милан со 2:0.
Голот можете да го погледнете тука.