Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард признава дека на надежите за освојување на титулата од Премиерлигата се завршени по 3:0 поразот од Брајтон во неделата.
Арсенал „колабираа“ против тимот на Роберто де Ѕерби со 0:3, по што остануваат на четири поени зад Манчестер сити со два меча за „топчиите“ до крајот на сезоната, и три меча за Манчестер сити, што значи дека „граѓаните“ ќе се шампиони со само една победа.
„Да, титулата е загубена. Ќе биде многу тешко да се дојде до неа и тешко е тоа да се прифати. Во моментов чувството не е добро. Начинот на кој игравме, посебно во второто полувреме, не знам што се случи. Сега веќе нема надеж. Не верувам дека проблемот е во менталитетот. Се чувствувавме добро пред мечот, но на теренот не бевме доволно добри. Мораме да го прифатиме тоа и да научиме нешто“, вели Одегард.
На почетокот на април, Арсенал имаа 8 поени предност, но сега имаат само две победи во последните седум меча, додека Сити имаат 13 победи и едно реми во последните 14 меча.