Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Јап Стап го повика сегашниот капитен на клубот, Хери Мегваер да си замине од „Олд Трафорд“ за да добие шанса да игра редовен фудбл.
По пристигнувањето на Ерик Тен Хаг како менаџер на клубот, Мегваер ја загуби положбата како стартер во клубот и Стап, кој освои три титули од Премиерлигата и една од ЛШ со Јунајтед вели дека тој мора да „крене раце“.
„Да бев на местото на Мегваер, со оглед на тоа како работите се одвиваат за него оваа сезона, би кажал дека треба да замине, бидејќи тоа е најдобро за него. Кога си на одредена возраст треба постојано да играш. Тен Хаг не верува во него и најдоброто нешто е да отиде каде што постојано ќе игра“, вели Стам.