Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, деклариран навивач на Црвена звезда, во Њујорк го прослави пласманот на фудбалскиот клуб во фазата по групи, во Лигата на шампионите.
Црвена звезда, синоќа, во Салцбург одигра 2:2 и прв пат ќе игра во овој формат на Лигата на шампионите.
Ѓоковиќ, на својот профил на „Инстаграм“ објави видео на кое пее навивачки песни, со што на фудбалерите им честиташе на историскиот успех.