Синот на Рајан Гигс, 16-годишниот Зек Гигс си замина од Манчестер јунајтед по четири години во академијата на клубот за да потпише младински договор со новите англиски премиерлигаши, Шефилд јунајтед.
Тинејџерот се приклучува на младинскиот клуб на Шефилд јунајтед, кој во последните години ги промовираше во англиската елита Фил Џагиелка, Кајл Вокер и Хери Мегваер. Тој веќе е дел од У-17 репрезентацијата на Велс.
Рајан Гигс помина над две децении во Манчестер јунајтед, со неверојатни 949 настапи 13 титули во Премиерлигата, две во Лигата на шампионите и четири од ФА купот. Тој беше помошник на Луис ван Гал две години на „Олд Трафорд“, пред во 2018 да стане селектор на Велс. Таму остана три години, пред да си замине пред ЕП во 2021 по обвиненијата за физички напад на неговата поранешна девојка Кејт Гревил. На судењето не беше досена одлука.