Ден по историскиот пласман во главната фаза во Лигата на шампионите, навивачите на фудбалскиот клуб Црвена звезда, добија уште една убава вест. Европската фудбалска унија (УЕФА), на српскиот шампион му ја налаи суспензијата, што значи дека мечевите во ЛШ ќе ги играат во присуство на публика.
УЕФА, претпладнево, објави дека казната на „црвено-белите“ е намалена и наместо два натпревари пред празни, санкцијата за Црвена звезда е суспензија на стадионот на еден натпревар и парична казна.
Српскиот шампион, без присуство на публика, го одигра првиот меч против Салцбург во плеј-офот за пласман во ЛШ.
Европскиот шампион од 1991 година, сезонава ќе дебитира во овој формат во ЛШ, а имињата на противниците ќе ги дознае вечерва, кога ќе биде извршена ждрепката во Монте Карло.
foto: epa