Преодниот менаџер на Челси, Френк Лампард открива дека бил блиску до потписот на ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд во 2019 година, кога беше постојан менаџер.
Халанд е мега-ѕвезда за Сити оваа сезона со 52 гола во неверојатна сезона, но за малку ќе бил во западен Лондон наместо во Манчестер ако се остварел планот на Лампард додека Норвежанецот играл за Ред бул Салцбург.
„Тој е играч кој се обидов да го донесам во Челси, бидејќи неговото ниво и тогаш беше јасно. Секоја чест, сакам да гледам фудбалери со таква глад за успех. Од наша страна, јас се обидував да го донесам, но не сум сигурен дали апетитот беше ист на друго место. Конкуренцијата беше голема, мислам дека имаше откупна клаузула која беше разумна. Не ги знам деталите. Не знам дали ќе одлучеше да дојде кај нас“, вели Лампард.