Поранешниот напаѓач на Интер, Германецот Карл-Хајнц Румениге вели дека е пресреќен што неговиот поранешен клуб влезе во финалето на Лигата на шампиони против Манчестер сити, и даде неколку совети како „нераѕурите“ можат да го стопираат навидум незапирливиот тим на Пеп Гвардиола, кој го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во вториот меч од полуфиналето.
„Мислам дека ќе биде доволно да се повторат двата меча против Милан. Тоа би било добра тактика. Интер беа постојано активни, добро ги затвараа сите напади. Иако Сити имаат моќен напад со Халанд, Грилиш и Фоден и сите други, Интер може да им го одземе задоволството во фудбалот. Мислам дека тоа е вистинската стратегија. Тимот на Пеп секогаш го слеи, а тој е тренер кој сака убав фудбал, и ако му го земете тоа, можете да го победите“, вели Румениге во интервју за „Ла газета дело спорт“.
Румениге исто така зборуваше за методите на Гвардиола, со кого имаше шанса да работи кога Каталонецот беше тренер на Баерн Минхен.
„Секој петок ги гледав неговите подготовки за лигашките мечеви во сабота. Тој е феномен за сите детали при подготовките. Човекот е толку добар тренер. Станавме пријатели, кога ќе дојде во Минхен излегуваме на вечера, но тој три часа зборува само за фудбалот. Не е во Сити бидејќи заработува многу, туку бидејќи го сака фудбалот“, додава Румениге.
#Rummenigge sicuro: "La difesa regge, Lautaro vola. Inter, puoi farcela" #UCL https://t.co/ejBwL53lZ9
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) May 19, 2023