Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека многумина очекувале да добие поголема казна од два меча суспензија и 75.000 фунти за критиките кон судијата Пол Тирни на мечот со Тотенхем минатиот месец, но вели дека би сакал да знае каде ќе отидат парите кои тој ќе ги плати.
„Очекував казна. Океј, само би сакал да знам каде одат парите. Ако е за добра цел, тогаш со среќа ќе платам, ако ФА ги чува парите, тогаш ќе треба да зборуваме повторно. Луѓето мислеа дека ќе добијам повеќе. Но, вака ќе можам да го следам мечот од подобра позиција и ќе имам контакт со моите тренери“, вели Клоп пред последниот домашен меч од сезоната против Астон вила.