Холандскиот клуб, АЗ Алкмар се извини за „црната вечер“ откако дел од нивните навивачи ги нападнаа семејствата и пријателите на тимот на Вест хем кои ја прославуваа победата во вчерашното полуфинале од Конференциската лига.
Навивачите ја скршија оградата и ги нападнаа луѓето на Вест хем на „АЗ стадионот“, по што дојде до тепачка со играчите на клубот, вклучувајќи го и капитенот Деклан Рајс. Полицијата и стјуардите бргу интервенираа, но беа потребни 10-тина минути да се смири ситуацијата.
„Додека сите се надеваа на историски европски меч, на крајот ова беше црн вечер поради настаните по крајот на мечот. Наместо тоа имаме вечер да се потсетиме со срам. Не поради фудбалот, туку поради однесуваето на некои гости. Не можеме да ги наречеме навивачи. Тоа што се случи е надвор од сите граници. Клубот уште еднаш искрено се извинува на Вест хем и на илјадниците навивачи на АЗ кои се оцрнети од ова случка“, се вели во објавата на АЗ.
💬 Statement: ‘Inktzwarte avond’#AZ #azwhu #UECL
— AZ (@AZAlkmaar) May 19, 2023
🚨Benrahma, Paquetá e Downes saíram na mão com ultras do AZ para defender os familiares do jogador argelino do West Ham.
Os 'ultras' do AZ invadiram a área destinada aos torcedores do West Ham, que na verdade eram amigos e familiares do jogador Benrahma.pic.twitter.com/I84tTOXjbH
— INFO DA PL (@infodapl) May 19, 2023
2 West Ham fans managing to stop a mob of AZ Alkmaar fans from getting to the hospitality section where all the players families are seated👏👊 pic.twitter.com/7nKjXUbEvC
— Football Away Days (@AwayDays_) May 19, 2023