НБА има намера повторно да го промени форматот на Ол-стар натпреварот, почнувајќи од следната сезона. Некогаш најатрактивниот настан во регуларниот дел од сезоната, на кој играа најдобрите играчи во лигата драстично ја загуби својата важност и сериозност, а сето тоа кулминираше оваа година, кога беше натпреварот не наликуваше ниту на тренинг.
Пред пет години, НБА се обиде да внесе промени на Ол-стар натпреварот со промена на форматот од стандардна пресметка Исток-Запад во натпревар каде капитените.
Играчите со најмногу гласови на секоја конференција, ги избираат своите тимови од останатите ѕведи.
Од 2020 година беше воведен и ендгејмот на Елам, според кој последната четвртина не трае 12 минути, туку додека една екипа не постигне одреден број поени.
Но, дури и таа промена беше забавна за кратко време, па НБА и Здружението на играчи разговараат форматот повторно да биде сменет.
Новинарот Шамс Чаранија известува дека еден од можните концепти е враќање на старо, односно повторно да се игра натпревар, Исток и Запад.
Во јавноста извесно време се шпекулираше за можноста за формат САД против Остатокот од светот, што е особено интересно поради подемот на Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Адетокунбо, Џоел Ембиид и други неамерикански ѕвезди.