Top Sport

Саутгејт: Лук Шо заслужи да биде дел од репрезентацијата

Англискиот селектор Герет Саутгејт повторно го повика во репрезентацијата дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шо, додавајќи дека тој сосема го заслужил враќањето кај „трите лава“.

„Тој имаше тежок период и страшна повреда, а сега сум импресиониран од неговата физичка подготвеност и игра. Повторно изгледа моќен и мислам дека тоа може да ни помогне“, изјави Саутгејт по презентацијата на 23-члениот тим за натпреварите од Лигата на нации на УЕФА.

Дефанзивецот на Челси, Гери Кејхил и напаѓачот на Лестер, Џејми Варди објавија дека се повлекуваат од репрезентацијата, а Саутгејт го изостави од тимот 33-годишниот Ешли Јанг, велејќи дека треба да се подмлади тимот пред Евро 2020.

„Секако дека тој не беше среќен, но мислам дека разбира дека на кратки патеки морам да се обидам со некои млади фудбалери. Затоа ги повикав Лук Шо и Џо Гомез“, вели Саутгејт.

Scroll to Top