Легендарниот Ф1 тим на Мекларен ја објави својата посебна шасија со која ќе возат на трките во Монако и Барселона како дел од прославата на 60-годишнината на тимот и уникатниот успех со „тројната круна“ на моторспортот.
Посебните бои се инспирирани од болидите на Мекларен кои победиле на Индијанаполис 500, Монако ГП трката и 24 Часа Ле Ман во комбинација на портокалова, бела и црна боја. Мекларен се единствените кои имаат ваков успех во моторспортот – во 1974 година победија на Инди 500 со Џони Ратерфорд, првата победа во Монако ја остварија во 1984 со Алан Прост, а победата во Ле Ман беше осигурана во 1995 година со Џеј Џеј Лехто, Јаник Далма и Масанори Секија.
Црниот нос на болидот е за Ф1 ГТР болидот кој победи на Ле Ман, белиот дел е МП4/2 болидот (со спонзорство на „Марлборо“) кој победи во Монако, додека портокаловиот дел е за М16/Д болидот кој победи на Инди 500 и која е оригиналната тркачка боја на англискиот тим.
It’s a story of triumph. Of determination. Of perseverance. Of pride.
This is the McLaren Triple Crown livery.#TripleCrown 👑👑👑 pic.twitter.com/xPQhxDCnQg
— McLaren (@McLarenF1) May 23, 2023
One livery that embodies our greatest team achievement.
In our 60th year, introducing the MCL60: #TripleCrown Edition. ⭐️⭐️⭐️ pic.twitter.com/IEN2n1qoqj
— McLaren (@McLarenF1) May 23, 2023