Top Sport

Клоп: Ливерпул ќе се крене по „историски“ лошата сезона

Јирген Клоп не го криеше разочарувањето што Ливерпул не успеа да влезе во Лигата на шампионите по вчерашната победа на Манчестер јунајтед над Челси, но додаде дека е оптимист за градењето на нов тим пред следната сезона.

Откако лани беа на чекор од историски четири титули, освојувајќи ги домашните куп-титули, Ливерпул нема да се во ЛШ првпат од првата сезона на Клоп во 2016/17.

„Ова не е историски добра сезона за нас и не можеме да сме задоволни. Направивме многу грешки и не бевме постојани цела сезона. По Светското првенство имавме доста поени, и требаше да играме така од почеток. Има причини за оптимизам. Атмосферата на последниот домашен меч, начинот на кој клубот се прости со играчите кои заминуваат. Сите тие работи се основа за фантастична иднина“, вели Клоп.

Запрашан дали недостатокот на парите од Лигата на шампионите во плановите за трансфери на клубот ќе пречат, Клоп не сакаше да дава детали.

„Не верувам дека ќе биде така, но ќе видиме. Секогаш е тешко во преодниот рок – колку е фудбалерот подобар, толку повеќе клубот нема да сака да го пушти. Подготвени сме за тоа. Има долга пауза и пред-сезона, има доволно време“, објаснува Клоп.

Scroll to Top