Долгоочекуваната британска пресметка во тешка категорија помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа може да се случи во септември, откако претставниците на двајцата боксери почнале со преговори, тврди „ЕСПН“.
Промоторот на Фјури, Џорџ Ворен се сретнал со промотерот на Џошуа, Еди Херн првпат откако минатата есен преговорите не успеаја да се случи меч за ВБЦ титулата на Фјури (33-1-0, 24 КО). Фјури последен пат боксуваше во декември, кога го нокаутираше Дерек Чизора во 10. рунда, по што имаше неуспешни преговори со Украинецот Олександер Усик за меч за обединување на титулите во тешка категорија.
34-годишниот Фјури потоа доби понуда за меч со Енди Руиз Јуниор, кој бараше 20 милиони долари за мечот, а уште еден потенцијален противник, Кинезот Жилеи Жанг се откажа откако мора да има ри-меч со Џо Џојс. Во исто време, Усик се подготвува за одбрана на титулите против предизвикувачот Даниел Дубоа.