Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел вели дека сезоната е за „заборав“ за фановите на баварскиот гигант, дури и да успеат некако да ја победат Борусија Дортмунд за титулата овој викенд.
Пред последното коло во шампионатот, Баерн заостануваат два поени зад Дортмунд и треба да победат на гости кај Келн и да се надеваат дека Мајнц ќе извлече барем реми за да го продолжат својот рекорд од 10 титули едноподруго во Бундеслигата.
„Тоа е наша вина, наша одговорност. Секако, ќе се бориме до крај, бидејќи сме обврзани да се бориме до крај. Ова нема да биде сезона со која можеме да бидеме среќни. Сезона во која бројот на поени не е задоволителен, квалитетот на игра не е задоволителен. Без разлика на исходот, сезоната не е добра“, вели Тухел.
Поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен и Челси го презеде Баерн во март по отказот за Јулијан Нагелсман, викендот откако Баерн го загуби водството во Бундеслигата по 2:1 поразот од Баер Леверкузен. Под Тухел, тие излетаа од Германскиот куп и од Лигата на шампионите, а водството во лигата се смени трипати пред Борусија да стане лидер минатиот викенд по 1:3 поразот на Баерн од РБ Лајпциг.