Ролан Гарос, вториот грен слем во сезоната, официјално ќе започне утре. Од Топ 10 играчите на терените ќе се појават Стефанос Циципас и Андреј Рубљов. Додека се чека почетокот на турнирот француската престолнина, се случи нешто по што ќе биде запаметено годинешното издание на Ролан Гарос.
Главни актери во оваа приказна се Лука Пуј и Јутиј Родионов. Францускиот тенисер, по две годишна пауза се обидува да се врати онаму каде што беше во 2016 и 2017 година. Се појави на Ролан Гарос и преку квалификациите избори место во главната рунда.
Во последното, трето квалификациско коло, Пуј го победи Родионов со 1:6, 7:5, 6:0, во возбудлив меч полн со пресврти..
Откако квалификациите завршија Белорусинот со австриски пасош, дозна дека сепак ќе игра во главаната фаза, откако по откажувањата на Гарин, Шарди и Едмунд, стана „лаки лузер“. Неговото име беше извлечено од барабанот.
Потоа следуваше ждрепката за првото коло на Ролан Гарос, а таму за ривал Родионов го доби токму човекот од кој штотуку загуби, Лука Пуј. Откако во четврток го одиграа првиот натпревар еден против друг, во понеделник ќе одиграат уште еден натпревар на истиот турнир.
Lucas Pouille qualifié pour le tableau principal !! #RolandGarros pic.twitter.com/dAuGivNeiS
— FFT (@FFTennis) May 25, 2023