На денешен ден во 1991 година, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои Купот на шампионите, откако во финалето го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски.
Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови, а потоа „црвено-белите“ победија со 5:3 по изведувањето пенали.
Головите за Звезда од 11 метри ги постигнаа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев.
Црвена звезда без пораз стигна до најголемиот успех во историјата и со тоа со златни букви влезе во фудбалската историја.
„Црвено-белите“ го елиминираа Грасхоперс во првото коло од тогашниот Куп на шампионите.
Звезда во осминафиналето беше подобра од шкотскиот Ренџерс. Ривал на „црвено-белите“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите беше шампионот на Источна Германија Динамо од Дрезден, а Звезда ги доби двата натпревари. Реваншот во Дрезден со службен резултат, откако беше прекинат при водство на црвено-белите.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите црвено-белите го совладаа славниот Баерн со 2:1 на гостински терен, а во реваншот во Белград беше 2:2.