Top Sport

(Видео) Ливерпул сериозно заинтересирани за Кефрен Тирам

Англиските и француски медиуми тврдат дека Ливерпул го идентификувале фудбалерот од средниот ред на Ница, Кефрен Тирам како прва цел во летниот преоден рок.

22-годишниот Тирам, секако, е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Тирам и помлад брат на напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Тирам. Тирам ја почна кариерата во школата на Монако, пред во 2019 да замине во локалните ривали Ница, за кои блесна оваа сезона и стана стандарден првотимец во тимот на Дидие Дигар, со 35 настапи во Лига 1.

Шпекулациите доаѓаат бидејќи од „Енфилд“ заминуваат Џејмс Милнер, Наби Кеита, Алекс Окслејд-Чембрлен и Артур Мело, и веднаш откако „црвените“ го потврдија новиот спортски директор, Јерг Шмадке, кој заедно со Јирген Клоп ќе биде одговорен за „преуредувањето“ на тимот по разочарувачката сезона.

Scroll to Top