Хрватскиот ветеран Иван Перишиќ жали што потпишал за Тотенхем и сака да се врати во Интер во текот на летнит преоден рок, тврди „Тутоспорт“.
Перишиќ се приклучи на тимот на Антонио Конте како слободен агент минатото лето, но имаше фрустрирачка сезона со само еден гол во 44 настапи за лондонскиот клуб. Сепак, неговата желба за враќање во Италија има голема пречка – неговата годишна плата од 6 милиони евра, а покрај тоа во Интер на левото крило го имаат и Федерико Димарко и Робин Госенс.
34-годишниот Хрват беше на „Џузепе Меаца“ на вториот меч против Милан во Лигата на шампиони и најави дека ќе биде и во Истанбул да го гледа финалето против Манчестер сити.