Манчестер сити се на чекор до комплетирање на трансферот на Матео Ковачиќ од Челси, откако новиот менаџер на „сините“, Маурисио Почетино дал зелено светло клубот да ги почне преговорите, тврдат англиските медиуми.
Тимот на Пеп Гвардиола веќе ги почнал преговорите со агентите на Ковачиќ за личните услови на хрватскиот репрезентативец, додека во Челси сметаат дека со неговото заминување ќе се отворат средства за „револуција“ во средниот ред на клубот.
🚨 The expectation is that Mateo Kovačić will join Manchester City from Chelsea this summer.
(Source: @guardian) pic.twitter.com/YnkyUvpVNp
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 31, 2023