Реал Мадрид се согласи да му го позајми на Леванте младиот Борха Мајорал, кој ќе биде колега на македонскиот репрезентативец Енис Барди до крајот на сезоната.
21-годишниот Мајорал немаше многу минути под Зинедин Зидан, додека во 2016/17 беше на позјамица во Волфсбург.
Тој не сакаше уште една позајмица во Германија и реши да остане во Шпанија. Покрај него, Реал оваа година ги позајмија уште Мартин Одегард, Тео Ернандез и Ашраф Хакими.
¡Así juega @Mayoral_Borja, nuevo fichaje del #LevanteUD! pic.twitter.com/lHXrFbGlMc
— Levante UD ? (@LevanteUD) August 31, 2018