Рома и Севилја одиграа 1:1 по 90 минути на „Пушкаш арената“ во Будимпешта во финалето на Лига Европа, по што не очекуваат продолженија и потенцијални пенали, откако Севилја сметаше дека е оштетена во 75. минута, кога прво им беше досуден пенал, кој потоа беше поништен.
Англискиот судија Ентони Тејлор без сомнеж покажа на белата точка, но по прегледувањето на ВАР-снимката ја промени својата одлука.
Второто полувреме помина во иницијатива на Севилја, кои прво израмнија во 55. минута со автоголот на Џанлука Манчини, за потоа Рома да успее да се одбрани во сите напади.
PENALTY FOR SEVILLA. NOOOOOOOO.#ROMA #SEVILLA #UEL #Final
(CURRENTLY VAR CHECK, MIGHT GET CANCELLED.) pic.twitter.com/EcJmJZVXJq— Footy Clipz (@TheFootyClipz) May 31, 2023