Top Sport

Икарди се почести со автомобил вреден 25 милиони евра

Мауро Икарди ја освои титулата во турската лига со Галатасарај во вторникот. Икарди, во Истанбул пристигна како позајмен играч од ПСЖ. Со своите голови му овозможи на Галатасарај по четири години да ја врати титулата во своите витрини. Сезоната ја заврши со 21 гол и седум асистенции.

За освоената титулата и пред се за добрата полу-сезона, Икарди се почести со најскапиот автомобил во светот, „Rolls-Royce Boat Tail“.

Овој автомобил чини 25 милиони евра, а Икарди во кариерата заработил околу 90 милиони евра, па јасно е дека сега добар дел од заработката пренасочил во купувањето на овој моќен автомобил.

Секој дел од овој автомобил е рачно изработен, а секој детал од внатрешноста на возилото е персонализиран според желбите на купувачот.

Има 6,75 V12 мотор и 563 коњски сили. Фотографиите што ги сподели Икарди на неговиот Инстаграм откриваат дека неговиот Ролс Ројс има бели кожни седишта, дрвени детали и завеси на прозорците.

Автомобилот има неконвенционален дизајн кој се истакнува со меки, заоблени линии и внимателно изработени детали. Каросеријата е направена од јаглеродни влакна, што овозможува автомобилот да биде лесен луксузен кабриолет.

Една од највпечатливите карактеристики на овој Ролс Ројс е отворениот простор на задниот дел од автомобилот. Тој простор, познат како апартман за хостинг, е дизајниран како простор за излет со две преносливи столчиња и шест фиоки кои содржат различни предмети како шампањ, чаши за шампањ и други луксузни детали. Клиентите можат да го прилагодат хостинг пакетот според нивните лични преференци и интереси.

Scroll to Top