Top Sport

Шмајхел го продолжил договорот со Лестер

Во пресрет на натпреварот против Ливерпул, во рамките на четвртото коло во Премиер лигата, фудбалскиот клуб Лестер објави дека голманот Каспер Шмајхел го продолжил договорот.

Данскиот репрезентативец во Лестер пристигна во 2011 година, беше важен играч во тимот што пред три сезони сензационално ја освои шампионската титула, до сега бранел на 298 натпревари.

„Најгоем дел од кариерата минувам тука во Лестер. Овде доживеав некои неверојатни моменти. Се надевам дека ќе има уште такви моменти, Лестер е мојот дом. Сакам на сите да им се заблагодарам за поддршката“, изјавил Шмајхел за клупската интернет страница.

Според новиот договор Каспер Шмајхел ќе остане во Лестер до јуни 2023 година.

Scroll to Top